Решете го овој квиз и дознајте колку познавања имате за една од најголемите опасности на Интернет

- Advertisement -

Некои од најголемите хакерски напади почнале со испраќање на т.н. фишинг имејлови во кои испраќачот се обидува да го измами примателот на мејлот за да дојде до некои од неговите лични податоци како кориснички имиња и лозинки за социјални мрежи, имејлови, банкарски услуги и слично. На пример, ако добиете имејл кој изгледа како да го испратил вашиот шеф затоа што неговото име се појавува како испраќач и во тој мејл се наоѓа линк кој треба да се кликне за да ве однесе на некоја страница или некој сервис каде што треба да се пријавите со службен имејл и шифра, дел од корисниците нема да помислат дека е измама.

Но, некој вешт измамник лесно може да напише таков фишерски имејл и лажна страница на која со клик на линкот од имејлот ќе ги внесете податоците и ќе дојдат директно во негови раце. Потоа ќе можат да ги искористат за пристап до вашиот имејл и од него да извлечат компромитирачки пораки, фотографии и сл.

- Advertisement -

Поради тоа многу е битно постојано да сте внимателни и ако се сомневате дека имејлот е лажен, не кликајте на линкот или не ги отворате документите кои се прикачени на имејлот затоа што со нивно активирање може да активирате некоја малициозна програма која ќе украде информации од вашиот компјутер.

За на корисниците да им помогнат во откривањето на измамничките имејлот поради кои може да имате големи проблеми компанијата  Jigsaw, која е дел од Google Alphabet, претстави интересен квиз кој кој сите би требало да се обидат да го решат. Квизот е направен на база на сигурносните тренинзи кои компанијата ги направила со речиси 10.000 новинари, активисти и политички лидери во светот и на последните тактики со кои се служат измамниците при испраќањето фишерски имејлови,

- Advertisement -

Во квизот се прикажани примери на имејлови за кои сами треба да одредите дали се вистински или фишерски. Примерите од квизот ни покажуваа колку е тешко да се препознаат вистинските од измамничките пораки, а секој пример има објаснение кое на корисниците им помага во препознавањето на измамите и ги предупредува на што треба да обрнат вниманите кога добиваат таков имејл.

Од Јigsaw велат дека фишингот е најчестиот облик на сајбер напади и секој стоти имејл денес е фишерски, а таквиот облик на напад претставува многу голема закана за корисниците на Интернет и честопати е само првиот чекор кон посложени сајбер напади.

- Advertisement -

Квизот можете да го решите на следниот линк: https://phishingquiz.withgoogle.com/.

Сподели!
- Advertisement -