Илон Маск ги објави првите нови официјални информации во последните две години за ракетата Starship на неговата компанија SpaceX. Леталото го има нејголемиот мотор за ракета во светот, долг е 120 метри и има потисна сила од 75 мегањутни. Кога ќе биде лансирана, ќе ја остави далеку зад себе ракетата Saturn V, која ги однесе првите луѓе на Месечината.
Ракетата се состои од бустерот SuperHeavy и вториот дел кој се одделув и носи мисии со и без екипаж до Марс, со цел да се основа колонија таму. Горивото кое го користи е течен метан и течен кислород, а тоа според Маск, ќе се користи и на Црвената планета.
Сепак, пред да тргне на такви амбициозни патувања Starship мора да покаже дека може да достигне до орбитата на Земјата. SpaceX мора да ги помине проценките на Федералната администрација за авијација за влијанието врз околината на базни објекти во Бока Чика во Тексас пред да направи обид да стигне во орбитата.
Маск очекува тие проценки да бидат готови до крајот ан овој месец, но дури и во случај да не ги поминат проценките со позитивна оценка, Starship ќе биде лансиран од вселенскиот центар Кенеди, но лансирањето ќе биде одложено. Со оглед на висината на ракетата, која е двапати поголема од другите ракети на Маск, Falcon Heavy, прво ќе мора да изградат лансирна кула во вселенскиот центар Кенеди.
Првиот голем тест на ракетата ќе вклучува 90-минутно патување околу Земјата со двата дела. За идните мисии SpaceX планира да ги рециклира, односно повторно да ги користи и двата дела од ракетата, за што изгради и кула за ловење на SuperHeavy во текот на летот додека се приближува до местото на слетување.
(Interesting Engineering)
(фото: YouTube)