Американската банка JP Morgan Chase вработува поранешни осуденици

- Advertisement -

Американската инвестициска банка JPMorgan во Чикаго стартуваше иницијатива за вработување луѓе со криминално минато со цел на поранешните престапници да им даде друга шанса.

Најголемата американска банка според обртот на депозити се здружи со неколку непрофитни организации од Чикаго за да обучуваат и регрутираат кандидати кои веројатно ни на сон не помислувале на работа во банка, сметајќи дека поради своето криминално досие нема да можат да работат во финансиски институции.

- Advertisement -

Оваа иницијатива, која би можела да се прошири и на други градови, е дел од заложбите на банката JPMorgan да направи нешто во врскa со високата стапка на невработеност меѓу луѓето со криминално досие. Компаниите од други сектори, како на пример, во секторот здравствена заштита, исто така ги отворија вратите за поранешните осуденици, меѓу кои стапката на невработеност е дури 27%.

Сподели!
- Advertisement -