Американскиот дневен весник The New York Times објави дека постигнал договор за купување на спортскиот веб-портал The Athletic по цена од 550 милиони долари.
Основан во 2016 година, спортскиот портал The Athletic ја завршил 2021 година со 1,2 милиони претплатници ширум светот.
Купувањето од страна на New York Times не изненадува, со оглед на тоа што американските медиуми веќе подолго време покажуваат интерес за моделот на претплата и бараат начини за зголемување на бројот на претплатници, надвор од својата основа база на читатели.
The New York Times го завршиле третиот квартал на 2021 година со повеќе од 8 милиони претплатници на своите онлајн и печатени изданија. Притоа, весникот има за цел да достигне бројка од 10 милиони претплатници до 2025 година.
The Athletic ќе работи како одделно издание на The New York Times, а основачите Алекс Матер и Адам Хансман ќе ги задржат своите позиции и по аквизицијата.
Извор – Маркетинг 365