Илон Маск вети целосно автономен автомобил годинава

- Advertisement -

Сопственикот на Teslа, Илон Маск, најави дека до крајот на годината ќе произведе целосно автономно возило, кое ќе вози без возач. Тој изминатите неколку години во повеќе наврати даваше смели прогнози и најпрвин вети целосно автономно возило во 2018 година, но подоцна рокот го продолжи на почетокот на 2020 година.

„Сосема сум сигурен дека многу брзо, уште годинава, ќе достигнеме петти степен на автономни возила, кои се целосно автономни возила“ изјави Илон Маск во видеопорака на церемонијата на отворањето на Меѓународната конференција за вештачка интелигенција (WAIC) во Шангај.

- Advertisement -

Автомобилите на Teslа веќе се делумно автономни, но аналитичарите мислат дека производството на целосно автономни возила наидува на значителни правни и регулаторни препреки. Вредноста на Teslа на њујоршката берза надмина 224 милијарди долари.

(Bizlife, CdM)

Сподели!
- Advertisement -