Откриен безбеден начин да органите за пресадување да станат подостапни за луѓето

- Advertisement -


Кај човечките органи за пресадување крвната група е еден од пресудните фактори за компатибилност, но благодарение на успехот на канадски научници тоа може да се смени во иднина.

Имено, научниците по прв пат ја променија крвната група в човечките органи за пресадување, а во списанието Science Translational Medicine објавена е студија во која е објаснето како се прават „универзални човечки органи“ за трансплантација со која било крвна група.

- Advertisement -

Latner Thoracic Surgery Research Laboratories и Центарот за трансплантација Ајмера докажаа дека може безбедно да се смени крвната група во донорски органи за трансплантација. На пример, донаатори со крвна група нулта се сметаат за универзални затоа што во нивната крв нема аглутиноген, односно протеини од А и В, што значи дека е погодна за сите пациенти, вклучувајќи ги и оние од најретката AB крвна група.

Канадските научници успеале да ја сменат крвната група на пресадени органи во нулта така што ослободиле специфични антигени со помош на ензимите FpGalNAc деацетлаза и Fp галактозамидиназа.

- Advertisement -

На почетокот на експериментите ја тестирале оваа метода на ткиво од аорта, а потоа успешно уништиле протеини од групата A во осум примероци зеени од бели дробови. На ензимите им биле потребни околу четири часа за да ги уништат речиси сите аглутиногени.

Канадските научници истакнуваат дека оваа постапка може да ја смени достапноста на органите за трансплантација, но и да ја олесни потрагата по компатибилни органи за лушето со ретка крвна група.

- Advertisement -

(Sputnik)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -