Oва е мапата на европските милијардери

- Advertisement -

Од она што е посочено на мапата, може да се види дека водечкото место меѓу европските земји го има водечката економска сила на Европа.

Германија има најмногу милијардери во 2023 година – дури 126. Зад Германија е Русија со 104 милијардери.

- Advertisement -

Италија е на трето место со 64 милијардери, Велика Британија е четврта со 52, а зад неа Франција е на петтото место со 43 милијардери. По Франција, следува Швајцарија со 41 милијардер.

Во Македонија и соседните земји кои не се членки на унијата нема милијардери. 

- Advertisement -

Сепак кај нашиот јужен сосед, се избројани шест милјардери, а покрај Грција, милјардери има и во Бугарија, каде има двајца милјардери. Унгарија има три од нив, а Австрија и Чешка имаат по 11.

Рафаел Баџиаг помина пет години разговарајќи со милијардери за да открие што ги прави толку успешни. Своите набљудувања ги запишал во книгата „Тајната од милијарда долари“.

- Advertisement -

„Разликата меѓу финансиски успешни луѓе (милионери) и финансиски супер успешни луѓе (милијардери) се сведува на тоа дека вторите уживаат во правењето пари, но не уживаат да ги трошат“, напиша меѓу другото.

Сподели!
- Advertisement -