Западните сојузници се договорија да ги исклучат руските банки од системот Свифт, објави агенцијата „Франс прес“ (АФП).
ифт е глобален платен систем кој овозможува непречен и брз трансфер на пари преку границите и поврзува 11 000 банки и институции во повеќе од 200 земји.
Забраната за Русија да го користи системот што го користат илјадници финансиски институции – ќе ја погоди банкарската мрежа на земјата и пристапот до средства.
Потврда за информацијата стигна и од Брисел. Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вечерва нагласи дека Брисел ќе предложи замрзнување на средствата на Руската централна банка, како засилени санкции против Москва по инвазијата врз Украина.
Таа зборуваше по видео-конференција со лидерите на САД, Германија, Франција, Италија и Канада, со цел да се координира одговорот на Западот на инвазијата.