Русија соопшти дека го напушта Советот на Европа и ги обвини ЕУ и НАТО дека ја злоупотребуваат таа организација. Руското Министерство за надворешни работи ги обвини ЕУ и НАТО дека го злоупотребуваат мнозинството во Советот на Европа и Комитетот на министри на Советот, дека продолжуваат да ја рушат организацијата и заедничкиот хуманитарно-правен простор во Европа. Исто така, осенуваат дека текот на настаните сега „станал неповратен“.
Руското Министерство наведува дека Москва не сака да се помирува со такви субверзивни дејства на колективниот Запад.
„Русија нема да учествува во тоа најстарата европска организација да стане простор за поддржување на западната супериорнoст и нарцизам. Нека уживаат во меѓусебната комуникација без Русија“, се наведува во соопштението од Министерството.
Комитетот на министри на Советот на Европа на 25 февруари, еден ден после руската инвазија во Украина, ги суспендираше правата на Русија на претставник во гласањето во Советот. Со тоа Русија не е исклучена од Советот на Европа и остана потписник на релевантните конвенции, вклучувајќи ја и Европската конвенција за човекови права.
(Beta)
(фото: Wikimedia)