Samsung развива супер издржливи телефони на преклоп

- Advertisement -

Уредите на преклоп со флексибилен екран и понатаму ќе бидат во главниот фокус на Samsung, кој ќе продолжи да ги произведува во бројни нови генерации кои доаѓаат.

Според извештајот на јужнокорејската компанија Naver, она работи на повеќе подобрувања за идниот телефон на преклоп Galaxy Z Fold 4 , една од главните работи ќе биде подобрување на цврстината и издржливоста на екраните.

- Advertisement -

Samsung работи на тоа веќе подолго време, откако го лансираше првиот Galaxy Z Flip, чиј екран од ултратенко стакло беше прилично цврст, но понекогаш имаше свои ограничувања. На пример, кога меѓу двата дела од преклопот ќе има прашина или некакво ситно камче.

Новите телефони на преклоп, кои се очекува да бидат претставени во август годинава, треба да имаат екрани кои се отпорни на многу работи кои моментално им пречат н постојните екрани на преклоп, но од Samsung засега не зборуваат ништо за деталите на технолошките унапредувања на кој работат.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -