Четири компании подготвуваат флексибилни телефони за идната година

- Advertisement -

Освен Samsung, кој идната година планира да претстави три нови модели на флексибилни телефони, идната година можеме да ги очекуваме и првите модели на флексибилни паметни телефони од три кинески производители на телефони, како и од една американска компанија – Google.

Tаа информација на својот профил на Twitter ја објави Рос Јанг од DisplaySearch, кој кога станува збор за технологијата врзана за екрани за мобилни телефони, во минатото се покажа како прилично сигурен извор на кој може да му се верува. Освен телефонот Pixel, Јанг вели дека во втората половина од идната година првите флексибилни телефони ќе ги претстават и Oppo, Vivo i Xiaomi. Исто така, Јанг ги коментираше и гласините за телефоните на Samsung и напиша дека навистина подготвуваат Lite верзија на флексибилен телефон, но тоа нема да биде моделот Fold, туку Flip.

- Advertisement -

Така, арсеналот на флексибилни телефони на Samsung за идната година треба да ги вклучува моделите Z Fold 3, Z Flip 2 и Z Flip 2 Lite и ќе биде интересно да се види која ќе биде цената на моделот Lite.

Што се однесува на останатите телефони со флесибилни екрани, моментално нема некои конкретни информации освен дека три кинески компании ќе претстават четири модели, па ако тие информации се точни, корисниците идната година навистина ќе имаат солиден избор на флексибилни телефони. во комуникација со корисниците на Twitter врзано за LG, Јанг напиша дека таа компанија не е фокусирана на флексибилни телефони, туку на екрани кои ќе може да се виткаат во ролна, што може да биде уште еден тренд на пазарот на смартфони во иднина.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -