ЕУРОСУПЕР БС-95 И ЕУРОСУПЕР БС-98 СЕ НАМАЛУВААТ ЗА 2,00 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР, ДОДЕКА ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) И ЕКСТРА ЛЕСНОТО МАСЛО ЗА ДОМАЌИНСТВО (ЕЛ-1) СЕ НАМАЛУВААТ ЗА 3,00 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31% во однос на одлуката од 16.03.2022 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,228 денар/килограм и сега ќе изнесува 54,521 ден/кг.
Од 18.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,521 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,573%, кај дизелот за 5,345%, кај екстра лесното масло за 5,259% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 4,454%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,182%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.