Од април 2021 година Шпаркасе и Охридска се спојуваат во една банка

- Advertisement -

Сметките на клиентите на Охридска банка, како и условите за кредити дефинирани во договорите остануваат исти откако австриската Штаермаркише Шпаркасе ја купи Охридска банка. Исто така и условите за користење на платежните картички остануваат непроменети, а клиентите немаат обврска во моментов да ги менуваат своите картички.

На денешната прес-конференција по повод купувањето на Охридска банка од страна на Штаермаркише Шпаркасе беше кажано дека целосната интеграција се очекува да се случи во април 2021, а дотогаш ќе функционираат двете банки.

- Advertisement -

Ќе моделираме една нова, модерна и помоќна Шпаркасе банка. Државата ќе ја добие четвртата најголема банка со пазарно учество од 14 отсто. Оваа банка ќе донесе бројни бенифити за клиентите, ќе отвори нови перспективи во економијата и ќе овозможи подигање на нивото на целиот банкарски систем“, рече Нина Неданоска, претседател на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје.

Една од првите придобивки за клиентите на двете банки ќе биде можноста за користење на повеќе од 120 банкомати низ земјава, како и можноста за подигнување на средства од банкоматите со дебитни картички без провизија почнувајќи од први јануари наредната година.

- Advertisement -

Како што кажаа членовите на Управниот одбор на Штаермаркише Шпаркасе Георг Бухер и Герхард Фабиш една од причините поради која се одлучиле да инвестираат во Македонија е потпишувањето на Договорот со Грција.

„Со купувањето на една од водечките банки во Северна Македонија ќе станеме уште посилен партнер во економијата. Заедно ќе располагаме со значително поголем потенцијал и ресурси со кои ќе ги опслужуваме нашите клиенти и сите бизниси“, рече Фабиш.

- Advertisement -

Штаермеркише Шпаркасе купи 91,57 отсто од акциите на Охридска банка за 48 милиони евра.

Сподели!
- Advertisement -