Вухан ќе стане кинеска долина на сателити

- Advertisement -

Додека Русите и Американците се препираат околу Меѓународната вселенска станица, Кинезите продолжуваат да ги остваруваат своите вселенски планови, кои се прилично големи и амбициозни. Својата прва вселенска станива веќе ја испратија во орбитата, а целта им е до крајот на оваа деценија да станат голема вселенска сила. За да ги остварат тие амбиции тие веќе почнаа со изградба на нов вселенско пристаниште во провинцијата Хаинан, а голема важност посветија и на развојот на сателити.

Во текот на наредните години во вселената планираат да испратат бројни сателити кои ќе даваат разни услуги – од брз интернет наменет за авиони до следење на испораката и доставата на роба. Центарот на развојот на сателитската индустрија во Кина треба да стане еден град кој досега беше познат по нешто многу поинакво – корона вирусот. Иако теориите за тоа каде прв пат се појави КОВИД-19 се различни, за многумина Вухан е местото од каде што почна глобалната пандемија.

- Advertisement -

Наместо по короната, Вухан во иднина може да стане познат како кинеска долина на сателити, како што го нарекоа на Reuters. До 2025 година сакаат да инвестираат повеќе од 15 милијарди долари во таа индустрија, а на сите компании, односно за сите проекти поврзани со развојот и производството на сателити, ракети и вселенски летала нудат субвенции во висина од речиси 8 милиони долари.

Исто така, властите во тој град компаниите ќе ги потикнуваат на користење на локална опрема, софтвер и сервиси, а уделот на локалните производи користени во развојот ќе зависи од висината на субвенциите.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -