Консумирањето само едно авокадо неделно го намалува ризикот од срцев заболувања, откри најновата студија. Студијата ја спроведоа научници од Школата за јавно здравје Т.Х.Чен на Универзитетот Харвард во Бостон и беше објавена во списанието American Heart Association (JAHA).
Во студијата биле вклучени 68.786 жени од здравствени студии на NHS (National Honor Society) и 41.701 мажи.Учесниците во студијата одговарале на прашања за нивната исхрана и морале да поплнуваат прашалници за да се утврди колку често јадат некои продукти. На почетокот на студијата тоа го правеле почесто, а после некое време една на четири години.
Во период од 30 години биле забележани 9.185 случаи на срцев удар и 5.290 мозочни удари меѓу испитаниците на студијата. Наодите на студијата покажуваат дека поголемата консумација на масти од растително потекло се поврзува со понизок ризик од кардиоваскуларни заболувањаод од 16 до 22 %. Студијата нуди дополнителни докази дека дека внесот на неаситени масти од растително потекло може да го подобри квалитетот на исхраната и е важна компонента во превенцијат на кардиоваскуларни болести, истакнува др. Лорена Пачеко, главна авторка од Harvard TH Chan School of Public Health во Бостон.
Авокадото е одличен извор на влакна, витамин Ц, Е, К, Б5 и Б6 како и рибофлавини, ниацин, фолна киселина, магнезиум и калиум. Здравите маснотии во овошјето исто така помагаат при слабеење затоа што ве држат сити.
Иако ниедна храна не е решение за рутинска здрава исхрана, оваа студија е доказ дека авокадото има можни здравствени предности. Ова е позитивно затоа што се равботи за намирница која е популарна, достапна, посакувана и лесно може да се вклучува во оброците, смета др. Шерил Андерсон, претседател на Советот за епидемиологија и превенција при Американското здружение за срце.
(JAHA)