Нехируршки имплант лечи гојазност со ласери

- Advertisement -

Сите знаеме дека гојазноста денес е проблем во целиот свет поради недостигот од физичка активност и нездравата исхрана, што доведува до тешки здравствени состојби и потенцијално смртоносни болести.

Специјалните програми кои вклучуваат разни диети и понапорни вежби функционираат трајно само на мал дел луѓе, додека најголем дел од луѓето се враќаат на старите навики и потоа единствена надеж им е хирургијата, која исто така не е трајно ниту безбедно решение затоа што секоја операција има одредени ризици.

- Advertisement -

Научници од Католичкиот универзитет во Кореја веруваат дека нашле решение кое не вклучува инвазивна хиругија. Грелин е природно произведен хормон кој го зголемува апетитот, го зголемува внесот на храна и го поттикнува складирањето масти. Додека мали количини на грелин испуштаат мозокот, панкреасот и тенкото црево, најголема количина произведуваат и лачат клетките во горниот дел на желудникот.

Научниците во Кореја одлучиле да ја намалат активноста на тие клетки со модифицирање на постоечки прототип на имплант. Познат е како уред за поттикнување на интрагастричната ситост, а се состои од стент кој е нехируршки сместен во долниот дел од хранопроводот, поврзан со диск кој лежи во отворот на желудникот. Малиот отвор на тој диск пропушта храна.

- Advertisement -

Во новата верзија на уредот долната страна од дискот е обложен со лек кој го одобри американската Агенција за храна и лекови, а се вика „син метилен“. Освен тоа, ласер поминува низ отворот на дискот и се свива кон долната страна. Кога ласерот ќе го осветли синиот метилен лекот реагира со производство на енергизирана форма на кислород познат како синглетен кислород. Тој кислорот ги убива околните клетки кои го произведуваат грелинот, а потоа брзо исчезнува од желудникот. Имплантот потоа се извлекува од телото.

Откако млади свињи примиле третман во период од една недела, нивното ниво на грелин и покачувањето на телесната тежина се намалиле за половина во споредба со другата контролна група. Тие разлики се намалиле во текот на наредните недели затоа што убиените клетки кои произведуваат грелин природно биле заменети, што значи дека светлосниот третман ќе мора периодично да се повторува за ефектот на сузбивање на гладот да потрае.

- Advertisement -

Сега се прават дополнителни истражувања со цел да може понатаму технологијата да се тестира на луѓе. Научниот труд е објавен во списанието ACS Applied Materials & Interfaces.

(Vidi.hr)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -