Samsung претставува нов систем за вештачка интелигенција – NEON

- Advertisement -

Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung го објави дигиталниот AI асистент Bixby уште во март 2017 година. Тој се најде и во Galaxy S8, а подоцна пробаа да се пробие и на останатите паметни телефони и уреди за домаќинство. Повеќе од две години подоцна компанијата е спремна да го претстави својот нов производ со вештачка интелигенција наречен Neon.

Neon го разви компанијата STAR Labs, на чие чело се наоѓа пранав Мистри како претседател и извршен директор. Мистри е најпознат по својата работа на SixthSense и на Galaxy Gear, а претходно бил потпретседател на компанијата Global во Samsunu.

- Advertisement -

Моментално нема доволо детали за Neon, а бидејќи многумина сметаа дека тоа е напредна верзија на асистентот Bixby, од Samsung мораа да разјаснат дека Neon и Bixby немаат врска еден со друг.

Од тизерите објавени на официјалната страница и на социјалните медиуми се гледа дека Neon користи вештачка интелигенција, со помош на која ќе копира емоции и интелигенција од луѓето.

Сподели!
- Advertisement -