Ќе се создаде најголемата автоиндустрија во светот – партнерство на Fiat Chrysler и Hyundai

- Advertisement -

Од Fiat Chrysler открија дека водат преговори со Hyundai за потенцијално партнерство. Ваквата соработка ќе биде навистина силна и влијателна иако уште нема информации за заедничка сопственост, изјави главниот извршен директор на Fiat, Серџо Маркионе, пренесува Bizlife.

„Постои потенцијал за техничко партнерство со Hyundai, кој и онака веќе добива некои компоненти од нас за на американскиот пазар“ изјави Маркионе по презентацијата по враќањето на „алфа ромео“ во Формула 1.

- Advertisement -

Тој потврди дека од почетокот на 2019 година Magneti Mareli и Comau во посебни компании. Механизмот уште не е утврден, но постои опција за продажба на удел за да се добие нешто готовина. Пред повеќе од еден месец во медиумите се појави вест дека Hyundai е заинтересиран за преземање на Fiat. Таквата компанија би била најголем производител на автомобили во светот.

Сподели!
- Advertisement -