И покрај најригорозниот карантин, бројот на болни од КОВИД-19 во Шангај расте

- Advertisement -

Бројот на заразени со корона вирусот во Шангај расте и покрај најстрогиот карантин досега. Вчера беше пријавен број од 26.330 нови заразени, соопштија властите, а најголем дел од нив се асимптоматски.

Шангај беше во центарот на најголемиот бран на корона вирусот во Кина од почетокот на пандемијата пред повеќе од две години досега, а сега во градот се наоѓаат најголем дел од вкупно 28.000 заразени во земјата.

- Advertisement -

И покрај најавите дека од понеделник се очекува постепено ублажување на карантинот, најголем дел од жителите во областа на Шангај од 26 милиони луѓе и понатаму се по полициски час.

Градските власти забранија и продажба на приватни возила. На жителите денес им беше дозволено да ги напуштат своите домови, меѓутоа, најголем дел од продавниците остануваат затворени. Фабриките на Volkswagen во Шангај и во Чангчун не работат.

- Advertisement -

Иако полицискиот час ќе биде укинат во станбените населби во Шангај, каде што во изминатите две недели немаше нови случаи, комитетите и компаниите за управување со имот ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите станови и станбени населби како мерка на претпазливост.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -