Научници сакаат да испратат сонда за истражување на планетата Уран

- Advertisement -

Еден од приоритетите за научниците во истражувањето на вселената се мисиите на планетата Уран. Досега се испратени сонди од Земјата на Марс, Венера, Сатурн, Јупитер и Меркур, а Уран е запоставен. Меѓутоа, научниците тоа сакаат да го сменат и сега оваа планета стана еден од приоритетите за планетарната наука и астробиологијата.

Планот е да се испрати сонда на повеќегодишна орбитална турнеја околу Уран за да се истражува неговата атмосфера. Оваа мисија би дала исклучително битни информаци за ледените џинови, а посебно за Уран и неговите месечини.

- Advertisement -

Уран е неистражен леден џин, а леталото Voyager 2 на НАСА само прелета таму во 1986 година и тогаш беше оддалечена околу 81.593 км. Иако прелетувањето било кратко, Voyager 2 успеа да открие некои тајни на Уран, вклучувајќи го и фактот дека има неколку месечини. Меѓутоа, новата мисија би го открила точниот состав на Уран, а со оглед на тоа дека научниците прептоставуваат дека главно е соаставен од водород, хелиум, лед и карпи, ќе можат да дознаат многу повеќе за природата на нашиот сончев систем.

Сондата може да биде лансирана во 2031, односно 2032 година, за да се искористи „гравитациската прачка“ околу Сатурн и да се скрати патот до Уран на 13 години. Уран го откри Сер Вилијам Хершел во 1781 година, а неговата просечна оддалеченост од Сонцето изнесува 3 милијарди км. .

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -