САД ја одобри првата игра која се препишува како лек за хиперактивни деца

- Advertisement -


Можеби не изгледа како другите популарни игри, но видеоиграта EndakvorRX на компанијата Akili Interactiv дефинитивно може да влезе во историјата како прв видеоигра која во САД се препишува како лек.

Имено, американската агенција за лекови одобри оваа игра да се издава на рецепт како и останатите вообичаени лекови. Со тоа лекарите се овластени да ја препишуваат играта на деца на возраст од 8 до 12 години кои го имаат синдромот
ADHD, односно хиперактивно пореметување.

- Advertisement -

Видеоиграта е одобрена како лек после седум години клинички испитувања и проучување на 600 деца. Резултатите од тие истражувања покажале дека една третина од децата немале дефицит на внимание откако ја играле играта EndakvorRX по 25 минути днeвно во текот на четири седмици.

Подобрувањето на симптомите на ADHD после еден месец лекување со видеоиграта EndeavorRx се задржуваат и до есен месец потоа, а најчестите нуспојави се фрустрација и блага главоболка во споредба со традиционалните лекови“ наведуваат од компанијата Akili Interactiv.

- Advertisement -

До пред пет години во САД се зборуваше дека оваа видеоигра може да биде иднината на лекувањето на синдромот на хиперактивност и Алцхајмерова болест, додека во 2017 година се шпекулираше дека видеоигрите на рецепт се наша иднина.

(Zimo, The Verge)

- Advertisement -

(фото: Akili Interactive)

Сподели!
- Advertisement -