Мукаетова: Бизнис успехот зависи од добрата организација во фирмите! Ние им нудиме ефикасно решение!

- Advertisement -

Консултанската компанија Консалтинг Интер Груп неодамна влезе во партнерство со софтверска компанија WIDNET Solutions со клучна цел – на компаниите да им понуди ефикасно решение за управување со човечките капацитети. Повеќе за оваа соработка разговаравме со првиот човек на Консалтинг Интер Груп, Пенка Мукаетова!

Разговараше – Верица Јорданова

Г-ѓа Мукаетова, како долгогодишен деловен и правен консултант од неодамна започнавте соработка со Widnet Solutions, софтверска компанија за човечки ресурси. Од каде дојде иницијативата за една ваква соработка и кој беше всушност мотивот за тоа?

- Advertisement -

Консултанската компанија Консалтинг Интер Груп од своето постоење до денес, своите услуги ги креира, врз основа на потребите на пазарот, односно изнаоѓање на брзи и практични решенија наменети за предизвиците со кои се соочуваат компаниите. Отука, имајќи ја предвид и проблематиката во однос на човечките ресурси, подолг временски период работевме на утврдување на вистински модел, кој ќе биде погоден за поголем број на компании. Кога од Виднет ми го изпрезентираа самиот софтвер, како и на кој начин функционира, бев фасцинирана. Толку добро и софистицирано софтверско решение, а од друга страна, толку едноставно, да може да го разбере секој. Тоа беше иницијалната каписла, а целта беше иста. Да понудиме вистинско решение на компаниите, што ќе биде добро и применливо на долг рок за нив. Тие како производители а ние како добри познавачи на пазарот, знаејќи со какви проблеми се соочуваат, како долгогодишни консултанти имаме доверба од самите клиенти и можеме полесно да дојдеме до нив. Така, соработката дојде сосема спонтано, на задоволство на двете страни. Битен момент беше дека Консалтинг Интер Груп  како промотор на македонските компани и производи, ќе може да го промовира и нуди и овој наш македонски производ, единствен од ваков вид кај нас.

Со Дарко Мицкоски и Мирослав Драганов

Во што конкретно ќе се состои соработката на една консултантска и една IT фирма? Како практично ќе делувате?

- Advertisement -

Многу едноставно. Виднет се производителите на софверот, а Консалтинг Интер Груп ќе ја врши продажбата и презентацискиот дел. Конкретно, Консалтинг Интер Груп е консултанска компанија која има огромно искуство во пренесување на клучните придобивки за компаниите, една од тие секако е и дигитализацијата, која може значително да им го олесни патот до поголемите европски фондови. Нашата консултантска компанија има јасна стратегија и цел, која клиентот може лесно да ја препознае и прифати. Всушност, наша заедничка цел е и да им помогнеме на компаниите, преку развојот на тимот и добрата искоoрдинираност во самата организација, да стигнат побрзо да посакуваните резултати.

Како вие како консултант ги гледате и разбирате проблемите на компаниите а кои во голема мерка се поврзани со човечките ресурси? Кои се најчестите проблеми во оваа насока?

- Advertisement -

Од нашето досегашно искуство како консултанти, сме биле сведоци на различни ситуации во самите организации. Па врз основа на тоа уште при самото основање на компаниите, при изготвувањето на развојната бизнис стратегија, ја ставаме точката на организациска поставеност. Односно, колку е битен тимот за една организација да може да функцинира онака како што треба. Од друга страна, компаниите кои се веќе подолго на пазарот и немаат добро поставена организациска структура, и не се добро искординирани меѓусебе, веќе даваат една многу лоша слика во однос на целокупното нивно работење.

Како консултанти кога сме работеле одредени проекти, а ни требале одредени информации и документации согласно законскиот рок, сме имале проблем при навремено доставување на истите, токму поради neдобрa искординиранoст на секторите во самата организација. Ако земеме и направиме споредба со работењето на странските компании, колку истите го имаат тоа поставено на високо ниво, заклучуваме дека информации и документите од странска компанија биле процесирани многу побрзо во однос на домашните. Тука е потребата за ова софтверско решение, кое ќе донесе поголема продуктивност и подобра атмосфера во работењето на самата организација.

Може ли да ни објасните како софтверот на Widnet помага во надминување на проблемите поврзани со човечките ресурси? Како истиот функционира?

Мотото на Виднет е „преку среќни вработени до уште посреќни клиенти”. Има многу примери кои може да се споменат, па да тргнеме од наједноставните:

Зошто за секој обичен документ мора да се обраќаме лично до секторот за човечки ресурси? Замислете една компанија со преку 1.000 вработени колку непотребно време троши само во администрирање на индивидуални барања од вработени? Ова се решава на многу брз и едноставен начин преку овој софтвер.

Или пак, зошто би пресметувале рачно кој вработен колку треба да добие бонус кога самиот софтвер автоматски може да го пресмета тоа!?

Зошто рачно би креирале распореди за работа во смени кога со мал внес на податоци би добиле решение кое го прави сменското работење прегледно и би ги задоволило сите вработени!?

Најважно е да се потенцира дека доколку не би се губело време на толку административни работи, вработените од секторот за човечки ресурси би можеле повеќе да се посветат на индивидуален и тимски развој и следење на вработените, а менаџерите во секое време „на дланка“ би ги имале сите параметри кои им се потребни. Исто така и самите вработени во секое време ќе имаат информација за сопствениот кариерен пат.

Кои се ваши потенцијални клиенти, очекувате ли интерес кај домашните компании?

Нашите клиенти всушност доаѓаат од различни индустрии, но ова софтверско решение најмногу им е потребно на оние кои работат во смени и имаат филијали на повеќе различни локации. Преку овој софтвер тие се поврзани на многу начини и се уште повеќе зближени меѓусебе. Она што може да се издвои во овој дел е дека со самиот софтвер всушност се доближува корпоративнната култура поблиску до секој вработен!

Со оглед на тоа дека неодамна започнавте со оваа активност, какви се првичните реакции на домашните компании? Прифатливи ли се за нив вакви иновативни решенија?

Секоја компанија која има визија и која размислува за развој на долг рок, нормално е да ги следи и имплементира сите иновативни трендови. Наша улога како консултанти е навремено да им ги дадеме поребните информации за сите новитети, како и да искреираме решенија врз основа на потребата што ја имаат.

Домашните компании имаат интерес, но пред се имаат и реална потреба. Можеби тоа не е на истото ниво, како во поразвиените земји, но сепак има големо раздвижување од претходните години, баш поради фактот дека дигитализацијата е таа што може да ги направи многу по конкурентни и на странските пазари. Надвор се повеќе се зголемува употребата на вештачката интелигенција и пазарот побарува секојдневно унапредување на иновативноста. Додека, кај нас најчесто преку настани и конференции се зборува за примена на соодветни техники и вештини од страна на специјалистите за човечки ресурси, но во последно време не изостануваат темата за дигитализација на процесите и примена на современи софтверски алатки како адекватна помош за попрецизно давање на точен feedback.

Кои ви се очекувањата за пробив на домашниот, а кои за странски пазари?

Веќе неколку месеци активно работиме во однос на промоција и запознавање на клиентите со придобивките од имплементација на овој вид софтверско решение, а врз основа на нивните потреби и надминување на секојдневните предизвици. На мое големо задоволство, интерес има од самите компании, а најмногу ме радува фактот што софверот како наш македонски производ наиде на голема врата кај самите клиенти.

Од друга страна WIDNET Solutions веќе e активен и на странските пазари, особено во ЕУ, Северна Америка и во државите од Блискиот исток преку деловните партнери и вработените. WIDNET има свој тим на вработени во Трст (Италија) и Сантандер (Шпанија), од каде го покриваме тој пазар. Тие се прва интернационална софтверска компанија која има софтвер за менаџмент со човечки ресурси кој промовира различност, еднаквост и инклузија (DEI). Оттука, и очекувањата на глобалниот пазар се големи.

Сподели!
- Advertisement -