Добредојдовте во иднинатa! Ви ја претставуваме Х7 – првата паметна зграда во Битола!

- Advertisement -

Вака пред неколку месеци започна кампањата на новата иновативна компанија од областа на градежништвото СмартБит која обединува знаење и искуство на една одамна етаблирана градежна фирма-од една страна и група млади инвеститори кои со своите постоечки успешни бизниси лоцирани во областа на финансиите, трговијата и услуги, решија да се обединат заедно и да инвестираат во објект кој ќе биде инспириран од вредностите кои футиризмот во градежништвото глобално ги обединува, како и страста да се изгради нешто што ќе остане како лендмарк на градот кој години наназад нема иновации, барем кога станува збор за домување или градежништво.

Ако зборуваме за паметни инвестиции, слободно можеме да кажеме дека е паметно да се инвестира во првата паметна зграда во Битола.

- Advertisement -

Интервју со Крсте Неделковски, извршен директор на СмартБит

Новинарка | Љубица Ангелкова

- Advertisement -

СмартБит е нов проект кој ќе биде посветен на исклучително на изградба на паметни згради, но Вие сте многу подолго во градежништвото од овој нов старт?

Во градежништвото со мојата компанија БВ Инженеринг сум од мали нозе. А причина е едноставниот факт, што мојот татко е градежен инженер со долгогодишно искуство во изградба на капитални објекти. Израснат сум со тие приказни и како дете дворот за играње често сум го менувал за градежните локации каде што тој работел. И некако природно беше да се запишам Градежен факултет. Ако се вратам кон минатото, една дата е многу важна, а тоа е 1 јуни 2001, кој оваа година за мојата БВ Инженеринг ќе има емотивно значење долго 20 години.  За овие две децении БВ Инженеринг стана една од најкрупните бизнис групации која обединува 12 компании во овој регион и која делува во повеќе индустрии: градежништво, енергетика, производство и трговија, нови технологии, едукација и угостителство.  Раст и успеси, предизвици и дилеми на времето кое е позади нас. И кога често го добивам прашањето „Што правиме?„, јас сакам да објаснам „Како тоа го правиме!„. 

- Advertisement -

Посветени сме на највисоки стандарди на квалитет во секој проект на кој работиме и во секоја од дејностите кои ги сервисираме. Секоја наша активност и одлука, секоја наша стручност и посветеност кон врвен резултат е она што сме денес. Имаме искуство, имаме одлични тимови, имаме резултати кои ги испорачуваме и се мерливи и видливи. Едноставно посветени сме на создавање на трајни вредности. 

Како се роди идејата за СмартБит и кој стои позади тимот?

Повеќе години имав желба, освен во секторот на вршење градежни услуги, да започнам и со изградба на станбени единици. Имав среќа и најдов истомисленици, зошто сакав мојата визија да ја споделам со личности кои гледат поинаку на иднината. Па така се формира група на млади инвеститори кои со своите постоечки успешни бизниси лоцирани во областа на финансиите, трговијата и услуги, решија да се обединат околу идејата и да инвестираат во првиот објект кој ќе биде инспириран од вредностите кои футиризмот во градежништвото глобално ги обединува, како и страста да се изгради нешто што ќе остане како лендмарк на градот Битола, кој години наназад нема иновации, барем кога станува збор за домување или градежништво. Така оформивме нова компанија СмартБит, која заедно со БВ Бизнис Груп ќе постават нови стандарди со што ќе станеме значајни не само тука, туку и пошироко. 

Што е она што ја прави Х7 паметна зграда за каков објект станува збор?

Тоа ќе биде објект кој архитектонски, градежно и дизајнерски ќе биде висок врв во она што може да го понуди поширокиот регион на инвестиции во сферата на футуристичко домување. 

Х7 зградата ќе биде изградена според мисијата на СмартБит концептот кој е заснован на вградување и интеграција на различни технологии во станбените објекти кои овозможуваат поедноставно обликување на секојдневното живеење со дигитализација и поврзување на сите процеси. 

X7 ќе биде иновативна станбена зграда со вграден смарт систем за комплетна безбедност, дигитализација и заштеда на електрична енергија во домот. 

Паметните станбени згради се домови кои интегрираат паметни решенија за автоматизација и управување со имотот. Сите овие уреди се поврзани и комуницираат едни со други преку осмислен систем. Далечинско следење и управување со системите за контрола на пристап, апаратите и другите уреди низ целиот имот.

Х7 – паметната зграда е жив систем кој ќе дава поинаква смисла на живеењето. Автоматизирани се сите процеси уште во фаза на градба, а применети во осветлување, греење, климатизација, безбедност и редица други детали.

Со каков систем за управување ќе биде опремена?

Смарт системот има повеќе елементи: од паметна брава со 5 начини за влез во вашиот дом (фингер принт, картичка, код, клуч, и преку сигнал од вашиот телефон), преку систем против поплава со приемници во сите делови каде има можност за истекување на поголемо количество вода и електромагнетни вентили за моментално затворање на целата инсталација, потоа системи против пожар со поставени детектори, систем против провала, смарт екран за компетна дигитална контрола на целиот ваш дом, а истото го имате и на апликација на вашиот смарт уред, детектори за регулација на температурата во вашиот дом, кои ја оптимизираат потрошувачката, а воедно придонесуваат за големо штедење на електрична енергија, и уште редица детали како автоматизирање на светло со паметни прекинувачи кои обезбедуваат заштеда на електрична енергија…. И стотици други детали кои ги контролира една централна единица, паметен рутер, кој е влезот на системот на паметниот дом, а поврзува повеќе уреди и гради стабилна и безбедна домашна мрежа преку универзален далечински контролер Magic Cube кој oвозможува далечинско управување со повеќе од 8.000 уреди.

Сакам да нагласам дека промотивно за оваа наша прва зграда X7, одржувањето во првите две години ќе биде бесплатно.

Станува збор за ултра луксузен објект, кој пред сѐ, ќе ги исполнува сите пропишани 12 критериуми во градежништвото за висока употребна вредност на стан и тоа: Одвојување на децата според пол, одвојување на децата и родителите, одвојување на просториите за личен и заеднички живот, собирање на семејството околу заедничка маса, можност за формирање “кружна врска”, можност за формирање “проширена комуникација” непречен прием на гости, пролазна дневна соба, флексибилност, одвоена работна кујна, гардеробери и остава , отворени површини… Материјалите кои ќе бидат вградени во зградата ја прават истата со висока енергетска ефикасност, а со тоа и удобен живот во текот на целата година. Пресреќен сум што ми се оствари желбата да понудиме совршен дом, објект со широки, осветлени и безбедни комуникации, ултра модерни стаклени панорамски лифтови, простор за забава на станарите опремен со билијард, пикадо, мини кино, голема тераса опремена со скари и маси за дружење, спа и фитнес центар, градинка за најмалите, аптека и маркет. Или да поедноставам со познатата флоскула “Цело е кога има сѐ!”

Ако сте личност која едвај ја чека иднината, вашиот дом е тука, во Х7.

Вашиот тим осмисли и необична промотивна и маркетинг кампања која извесен период пред да се знаат детали за локација, цени и услови градеше брендинг на СмартБит. Колку верувате вo промоција и маркетинг?

Не се разбира секој во ПР и маркетинг, но тие две компонетни пи-арот како претходница и маркетингот како след, на сите им е потребен. Маркетинг миксот е концепт на деловна алатка која секој претприемач на новото време мора да ја примени ако сака конкретни резултати. Ако имате таргет пазар, ви треба тим кој ќе постави маркетинг цели.  СмартБит одлучи да игра на картата на професионален тим кој ќе застане зад нашата идеја. И тоа ни беше одлична одлука. Тие работеа на стратегија и поставија темели и модел кој евидентно даде одлични резултати. Како што градежништвото е и наука и пракса, така е и овој специфичен сегмент, увидов лично како тимот за промоција и маркетинг работи на варијабли на кои менаџментот на СмартБит можеше да делува додека траеjа подготовките како претходница на официјалниот старт на продажбата. Бескрајно благодарен сум и на Вас лично и на тимот на WebiArt кој стои во овој сегмент на нашата приказна. 

Официјалната продажба на Х7 започна пред три дена и веќе 45% од заграда е веќе продадена. На што се должи овој одличен старт?

Дефинитивно на фактот што Х7 не е само обична комерцијална градежна приказна, туку визионерско градење на иднина за идните станари на овој објект, на кој им е загарантирана и сигурност и приватност и еко-одржливост на нивниот дом со намалување на оперативните трошоци. Архитектонски, Х7 – како што е името на зградата, асоцира на ДНК структурата на молекулот што зборува многу, преносно ако се знае комплексноста. Од аспект на изведба и вградени елементи овој објект ќе биде state of art и тоа таргетираниот пазар го препозна.

На неа ќе доминираат зелени тераси, покрив исто така со дрва и растенија, обновливи системи на енергија, како и врвен интегриран систем за управување од светски позната компанија докажана во изведба на смарт системи за згради, добитник на големи светски награди за технологија и дизајн.

Среќни сме што идните станари се препознаа во оваа наша иновативна градежна приказна и оттука рекордот на продажба уште во првите три дена. Факт кој зборува што значи паметна инвестиција во паметна зграда и што значи паметна бизнис инвестиција поддржана со одлична кампања. 

Каква е состојбата во македонската градежна индустрија?

Македонското градежништво, како и глобално оваа гранка, се најде во алармантно тешка ситуација. Цели две години бевме погодени од здравствената криза која завладеа со светот, а сега  од епидемија преминавме на светската економска криза предизвикана од војната во Украина, која предизвика скоро 100% поскапување на голем број основни градежни материјали, инфлација, како и големи проблеми со достапност на голем број на материјали. Никогаш не сме имале покомплицирани времиња. Цените на материјалите се менуваат на час. Но ние бевме подготвени со набавка на материјали, со цел да понудиме фер цени за купувачите. И тоа го направивме. Верувам дека и во времиња полни со предизвици може да се успева, некогаш препреките се само начин да се тестирате колку можете.

Визионерски, дали паметните згради ќе станат поприсутни кај нас и што треба да менуваме за да во иднина имаме не само паметни згради, туку и паметни градови?

Паметните градови и паметните згради во нив, уште од пред 30-тина години беа заговарани во развиениот свет, започнувајќи од една интригантна визија и футуристички концепт тогаш, до тоа што денес некаде се присутен феномен. Разликата помеѓу паметни (одржливи) и „традиционални„ згради/градови ќе се базира на трендот на воведување на паметни системи кој ќе претставува нов слој во вкупното урбано ткиво на градовите или во структурите на зградите. Јас сум голем оптимист дека посебноста на смарт градбите и градовите лежи во фактот што се комплексни, подложни на промени и способни да „учат“ или поконкретно да еволуираат како жив организам.

Со создавање на паметна архитектура и инфраструктира може да се смета на светла иднина. Градежните инженери ширум светот сѐ почесто трагаат по начини како да вградат  уреди и решенија во своите инфраструктури, како би ги намалиле трошоците и подобриле квалитетот на живеење. Европа е водечка по прашање на развојот на паметните градови.

Амстердам е светол пример, Копенхаген е исто водечки по ова прашање, а Париз и Лондон работат интензивно на градењето имиџ на смарт градови.  Ги има уште…И колку да сакаме да кажеме дека ние сме назад, во Европа сме географски, а лична инвестиција да се живее во паметни згради, значи и побрз чекор до светот и живот во добра иднина. 

Сподели!
- Advertisement -