Престануваат да важат ковид-протоколите во градинките

- Advertisement -

Ковид-протоколите во предучилишните установи во земјава престануваат да важат во согласност со предлозите од Главниот координативен кризен штаб, кои беа прифатени од Владата, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Владата пред една недела на редовна владина седница донесе одлука со која ги усвои предлозите од Главниот координативен кризен штаб, по препорака на Комисијата за заразни болести за укинување на сите рестриктивни ковид-мерки во земјава.

- Advertisement -

Во моментов сѐ уште е задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и центрите за нега на стари лица и лица со посебни потреби.

(Meta.mk)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -