Наместо две одвоени решенија, Google планира до крајот на годината да понуди единствена апликација која ќе ги обедини најдобрите аспекти на Meet и Duo.
Google најави нови промени во своите апликации за комуникација Duo и Meet, а со цел да ја поедностави комуникацијата на корисниците ќе им понуди единствено решение за деловна и приватна комуникација. Новата апликација ќе се вика Google Meet.
Со ваквиот потег, сметаат аналитичарите, компанијата ќе се обиде да земе дел од корисниците на Zoom. Со сегашната понуда на две одвоени апликации, Google не освојува доволно корисници. Meet се покажа како доста корисна алатка за време на пандемијата и работењето од дома, додека пак Meet повеќе се користи за видео повици помеѓу две лица. Основа за обедување на овие две платформи ќе биде мобилната апликација Duo, која по надградбата освен што ќе се вика Google Meet, до крајот на годината ќе добие и опции од од апликацијата Meet.
За почеток, новата апликација за видео-комуникација ќе биде бесплатна за користење како најдобар начин да се привлечат нови корисници.
(Zimo)