Компаниjата Кабтел достигна уште еден Platinum Partner статус, овој пат на долгогодишнио партнер SOPHOS.
Како светски лидер во следната генерација на сајбер безбедност, Sophos со седиште во Оксфорд, Велика Британија, штити повеќе од 400.000 организации од сите големини во повеќе од 150 земји од најнапредните сајбер закани на денешницата. Напојувано со разузнавање за закани, вештачка интелигенција и машинско учење од SophosLabs и SophosAI, Sophos испорачува широко портфолио на напредни производи и услуги за безбедни корисници, мрежи и крајни точки против откуп, малициозен софтвер, експлоатирања, фишинг и широк спектар на други сајбер напади. Sophos обезбедува единствена интегрирана конзола за управување базирана на облак, Sophos Central – централниот дел на адаптивниот екосистем за сајбер-безбедност со централизирано езеро на податоци, што користи богат сет на отворени API, достапни за клиентите, партнерите, програмерите и другите продавачи на сајбер-безбедност.
По повод новозаслужениот, највисок партнерски статус, Раководителот на Одделот Професионален Сервис, дипл.инж. Александар Ивановски изјави:
„Со гордост објавуваме дека КАБТЕЛ го постигна статусот Platinum Partner, највисоко ниво на партнерство со SOPHOS. Ова е јасна потврда за нашата визија, стручност и континуирана работа, како и посветеноста кон нашите ценетеи клиенти, кои ни ја дадоа својата доверба во изминатите години. На пазарот што постојано се менува, перманентните подобрувања се единствениот начин да останеме на врвот, каде што држењето на овој статус носи не само придобивки, туку и голема одговорност, која сме подготвени да ја преземеме“ .
КАБТЕЛ за македонскиот пазар го имплементира целосното портфолио на безбедносни производи на Sophos, носител на долгогодишни лидерски позиции според компаниите за истражување за информатичка технологија (ИТ) како GARTNER. Ова партнерство ја унапредува визијата на КАБТЕЛ – Дизајн, имплементација и одржување на сеопфатни custom made информациско-комуникациски системи, засновани на најновите ИКТ технологии, безкомпромисно безбедни, сигурни, модуларни, за поддршка на растот и успехот на нашите клиенти и партнери од сите сектори и индустрии.