„Алкалоид“ додели 42 студентски стипендии

- Advertisement -

Марио Игњатовиќ, Елиф Врајнко, Стефан Пандилов, Влатко Каранфилоски, Никола Манев, ова се студентите кои денеска добија стипендии им беа врачени еднократни парични награди во вредност од 1 200 евра во знак на поддршка и пофалба за вложениот труд, од фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Фондацијата во координација со Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, по 12-ти пат со својата идеја ќе се обидат да го поттикнат општеството да вложува во младите кадри и да им овозможи успех тука, а не надвор од државата.

- Advertisement -

„Стимулирањето и наградувањето на младите таленти се надевам дека ќе биде еден мотив додатен повеќе за испорачување на уште подобри резултати, уште повеќе идни дострели на овие млади луѓе и се надевам дека тоа ќе го подигне квалитетот од аспект на областа значи на македонското здравство и фармацијата и се што е поврзано0 со развојот на овие дејности“, изјави Живко Мукаетов директор на Алкалоид.

Подршката што ја дава „Алкалоид“ за организирањето на доделување на стипендии навистина претставуваат значаен и голем придонес во подобрување на квалитетот на здравствениот систем во нашата земја“, изјави Никола Јакуловски Ректор на „Св Кирил и Методиј“.

- Advertisement -

Годинава се доделени 42 нови стипендии на 22 студенти на Фармацевтскиот и 20 студенти на Медицинскиот факултет.

„Повеќе од десетина години имаме тренд на одлив на кадар од државата, затоа сметам дека ова е од исклучително значење“, изјави Соња Трајковска.

- Advertisement -

Од 127 дипломирани фармацевти, 79 веќе се вработени во „Алкалоид“.

Сподели!
- Advertisement -