Плејбој Палатата повторно ги отвора своите врати, овој пат во метаверзумот

- Advertisement -

Магазинот Playboy се здружи со платформата за градење на виртуелни светови The Sandbox со цел да ја врати популарната Плејбој Палата, но овој пат во метаверзумско издание.

Виртуелната „МетаПалата“ (“MetaMansion”) ќе вклучува мини-игри, собиранки, социјални настани и сопствена колекција на NFT-а наречени Rabbitars (оригинално лансирани во октомври 2021, а инспирирани од познатото „зајачко“ лого на магазинот).

- Advertisement -

Оние кои веќе се сопственици на Rabbitar-токен ќе добијат специјални VIP привилегии, како уникатни искуства, игри и подароци. Тие исто така ќе имаат можност да влијаат врз понатамошниот развој и обликување на виртуелната Плејбој Палата.

Изградбата на овој дигитален простор влече инспирација од долгата 70-годишна историја на магазинот, вклучувајќи богата архива на медиски содржини, а рекреирајќи ги луксузните и раскошни забави кои се случувале на оригиналната физичка локација.

- Advertisement -

Иако сé уште не е познато кога виртуелната плата ќе ги отвори своите врати за посетителите, фановите можат да ги следат новостите преку платформата The Sandbox.

Лансирањето на „МетаПалатата“ претставува следниот чекор на Плејбој во светот на Web3, паралелно со основањето на платформата за креатори на содржини Centerfold. Со ова, Плејбој се приклучува на други познати магазини, како на пример TIME, кој исто така има соработува со The Sandbox за креацијата на виртуелниот простор TIME Square.

- Advertisement -

Фото – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -