Јужна Кореја до 2022 година ќе изгради три градови кои ќе користат само водород

- Advertisement -

Јужна Кореја сака до 2022 година да изгради три градови кои работат на водород. Земјата сака да го создаде првото општество во светот кое како гориво за напојување ќе користи само водород. Тоа ќе биде еден вид на тест дали модерниот свет може да функционира само на водород.

Сите автобуси и автомобили во градовите ќе работат на водород. Во нив ќе има вградено посебни ќелии каде што водородот реагира со кислородот за да создаде електрична енергија. Притоа, се испушта вода наместо јаглерод диоксид. На паркинзите и на автобуските постојки ќе има полначи за водород. И централното греење и и клима-уредите ќе работат на водород. Цевки ќе бидат поставени низ целите градови.

- Advertisement -

Јужна Кореја го промовира водородот како зелен извор на енергија од иднината, но најпрвин треба да се надминат некои пречки. Како прво, производството на водородот е доста скапо. Понатаму, нема емисија на јаглерод диоксид ако се произведува само преку електролиза. За крај, складирањето на ваков експлозивен гас е навистина опасно.

Многу земји почнуваат да го прифаќаат водородот како начин за декарбонизација. Европската унија ги поттикнува земјите членки да го истражува потенцијалот на водородот. За водородот се одржа посебна дискусија на G20 годинава, а Јапонија веќе инвестира во посебна инфраструктура за водород.

South Korea wants to build 3 hydrogen-powered cities by 2022

A huge test for the fuel of the future.📕 Read more: https://wef.ch/2qvODaa

Posted by World Economic Forum on Петок, 08 ноември 2019
Сподели!
- Advertisement -