Далеку во Млечниот пат, на отприлика 22.000 светлосни години од Земјата, една ѕвезда блеска со магнетна сила која надминува се што виделе научниците досега.
Со неверојатни 1,6 милијарди Тесла, пулсарот наречен Swift J0243.6+6124 ги руши претходните рекорди од околу 1 милијарди Тесла, откриени околу пулсарите GRO J1008-57 и 1A 0535+262.
Ако го ставиме во контекст на нашето секојдневние, просечниот магнет за ладилникот има магнетна сила од околу 0,001 Тесла. Уредите за магнетна резонанца постигнуваат околу 3 Тесла. Пред неколку години инженерите постигнаа 1.200 Тесла, но само во период од 100 микросекунди.
Ако го имаме тоа предвид, 1,6 милијарди Тесла е навистина неверојатна јачина, каква што можат да постигнат само масивните вселенски тела во невозможен волумен и кои се вртат со неверојатна брзина.
Swift J0243.6+6124 веќе важеше за ѕвезда која треба да се следи. Тоа е еден вид на суперкомпактен космички тежок објект кој е познат како пулсар и е единствен извор на Х зраци во нашата галаксија кој спаѓа во категоријата ултрасветлечки. Тоа е и пример за пулсар со придружна ѕвезда од В-тип, која го храни со материја доволно брзо за да генерора радиоемитувачки млазови од материја од своите полови.
Затоа астрономите сакаат детално да ја проучуваат оваа ѕвезда. Но, мерењето на магнетното поле на толку оддалечено тело сепак е полесно да се каже отколку да се направи. Колку и да се јаки, тие полиња брзо слабеат и стануваат невидливи на оддалеченост од илјадници светлосни години.
(Science Alert)
(Raw Pixel)