Откриен нов орган одговорен за чувството на болка

- Advertisement -

Научници открија претходно непознат орган преку кој луѓето ги детектираат опасните надразнувања од околината и може да биде одговорен за одредени видови болка. Органот се наоѓа под горниот слој на кожата, а го пронајдоа научници од шведскиот Институт Каролинска. Се состои од мрежести Шванови клетки кои се наоѓаат во близина на нервите, влегуваат во нервните клетки за да ги одржат во живот. Претходно не беше познато дека учествуваат во чувството на болка.

Структурата на органот е непосредно под површината на кожата. Откритието беше објавено во списанието Science, а органот доби име ноцицептивен глионеуронски комплекс (NGNC). NGNC формира уникатна испреплетена мрежа со блиските нервни клетки по целото тело, што истражувачите ги наведува да тврдат дека треба да биде и официјално именуван како орган.

- Advertisement -

Научниците биле изненадени со ова откритие затоа што долго време се верувало дека завршетоците на нервните клетки во епидермисот се голи и немаат обвивка. „Нашето истражување покажа дека чувството на болка не се јавува само во кожните нерви, туку и во неодамна откриениот орган кој е осетлив на болка. Новиот орган е двоклеточен рецептор кој заедно го сочинуваат нервот и Швановите клетки“ велат тие.

Ова откритие може да доведе до развој на нови лекови против болка.

Сподели!
- Advertisement -