Компанијата Greenfluidics со седиште во Мексико ветува нови, позелени биопанели кои ќе обезбедуваат свеж кислород и значително ќе ја намалат потрошувачката на енергија, а истовремено ќе дадат гориво на база на биомаса.
Со оглед на фактот дека светот се обидува да ја намали емисијата на јаглерод диоксид, алгите заземаат централно место во чистењето на CO2 од воздухот. Од користењето на цветањето на алгите како големи подрачја за ловење на CO2 се до напојување на електронските уреди со нив, истражувачите се обидуваат на многу начини да ги употребат тие зелени организми.
Истражувачи од Универзитетот Колорадо Боулдер со користење на алгите призвоедоа еколошки прифатлив цемент, а сега истражувачите успеаја да направат и панели за прозорци во кои се вградени овие организми.
Биопанелите функционираат така што CO2 се пумпа низ водата која ја содржат алгите. CO2 кој вообичаено се испушта во атмосферата сега го користат алгите како фотосинтетски организми за одгледување и производство на сопствена храна. Дополнителна предност е што овие организми создаваат кислород како нуспроизвод кој може да се залови и да се ослободи до објектот каде што се наоѓаат тие панели.
Од не откриваат многу детали за тоа како фунцкионира оваа технологија, но New Atlas објави дека компанијата користи нанофлуиди во својот дизајн за да циркулираат наночестичките на јаглеродот во водата. Предноста на додавањето јаглерод е во тоа што ја зголемува топлинската проводливост на водата, која потоа протекува низ една страна на панелот, додека алгите растат на другата страна.
Според дизајнот на Greenfluidics, топлината која ќе се залови поминува низ термоелектричен генератор за да се произведе електрична енергија, која директно може да се користи за напојување на згради. Ова е релативно лесна метода, што значи дека овие панели многи полесно се користат во однос на конвенционалните панели со алги, каде што биомасата треба да се извлече и да се претвори во гориво во посебна фабрика.
Оваа компанија веќе две години го развива дизајнот на своите панели, а прототипот е тестиран во октомври 2021 година. Компанијата има план да направи уште тестови ширум светот, а тоа треба да се случи во втората половина од годинава.
Секој панел може да произведе 328 KWh/m2 енергија годишно и исто така ќе заштеди 90 kWh/m2 енергија така што ја задржува топлината кога времето е поладно. На лето истите панели може да разладуваат и да одржуваат пониска температура во објектите.
(Klix.ba)
(фото: Pixabay)