Во време кога сме сведоци на постојан раст на цената на енергијата, станува сосема јасно дека примената на мерки на енергетска ефикасност е најевтиниот и честопати најнепосредниот начин за намалување на потрошувачката на енергија.
Но, подобра енергетска ефикасност не придонесува само за намалување на потрошувачката на енергија и обезбедување на пониски трошоци во домаќинствата, туку придонесува и за помали емисии на стакленички гасови во атмосферата и вложување во поздрава животна средина.
Ако се проценува дека во просек 40% од потрошената енергија во една земја отпаѓа на потрошувачката во домаќинствата, а тој процент е уште поголем во понеразвиени земји, евидентно е дека токму овој сектор е исклучително важен бидејќи со мерките на енергетската ефикасност потрошената енергија може значително да се намали.
Експертите имаат пресметано дека изолацијата на надворешните ѕидови на станбен објект ја намалува потрошувачката на енергија за 32.0%, промената на прозорци – за 11.0%, изолацијата на покрив – 7.8%, а изолација на под – 5.8%.
И во нашава земја последните години расте свеста кај граѓаните за тоа дека со примена на вакви мерки можат да ја намалат потрошувачката на електрична енергија, а со тоа и да влијаат позитивно на семејниот буџет. Доказ за тоа се и податоците што покажуваат дека во последните 10 години имаме перманентно намалување на финалната потрошувачка како на електрична енергија, така и на вкупна електрична енергија по глава на жител, пред се како резултат на преземање активности поврзани со енергетската ефикасност.
Сепак, подобрување на енергетската ефикасност во старт значи инвестиција, а токму за тоа Халкбанк АД Скопје креирашеЕко Потрошувачки кредит кој е со максимален износ до 600.000 денари, рок на отплата до 95 месеци и вклучен грејс период до 3 месеци. Каматната стапка е варијабилна, дефинирана како: 3,75 процентни поени + референтната стапка за пресметување на законската каматна стапка која во моментов изнесува 2%(5.75% номинална годишна). Провизијата за обработка на кредитот изнесува 0,5 %, додека надоместот за предвремена отплата е 0%. Средствата треба да се искористат наменски за подобрување на изолација/поставување фасада, замена на врати и прозорци, замена на стари котли и грејни тела, инсталирање на енергетски ефикасно осветлување, инсталирање на соларни системи за греење вода, замена на стара климатизација и изградба на системи за централно греење.
Затоа, доколку планирате инвестиција во вашиот дом со што би ја зголемиле енергетската ефикасност, би ги намалиле трошоците за електрична енергија и би придонеле за заштита на природата, Еко потрошувачкиот кредит е идеално решение за Вас.