Елемент ПР дел од жири комисијата на глобалните Поларис награди (Polaris Awards)

- Advertisement -

Агенцијата за односи со јавност и корпоративни комуникации, Елемент ПР стана дел од жири комисијата на глобалните Поларис награди (Polaris Awards) каде секоја година се доделуваат награди за најдобрите стратешки комуникации во изборни кампањи.

Извршната директорка на Елемент ПР, Татјана Лопарски е дел од 35члената меѓународна жири комисија составена од искусни стратешки консултанти ширум светот, а оваа година за првпат со претставник од Македонија, кои ќе ги оценуваат пријавените политички кампањи и кампањи во јавниот сектор во повеќе категории.

- Advertisement -

„Престиж е да се биде дел од тимот на најдобри политички консултанти и професионалци за стратешки комуникации во светот како дел од годинешните Поларис награди. Особено ми е драго што за првпат нашата агенција е дел од жири комисијата како претставник од Македонија. Вистински предизвик е да се изберат најдобрите од стотина пријавени кампањи од агенции, создадени за политички партии, владини и невладини организации, кои резултирале со убедлива победа на нивниот кандидат“, вели Лопарски.

Поларис наградите традиционално се доделуваат секоја година почнувајќи од 2017, во партнерство меѓу Меѓународната асоцијација на политички консултанти (IAPC), Европската асоцијација на политички консултанти (EAPC) и Латиноамериканската асоцијација на политички консултанти (ALACOP). На овој начин, преку Поларис наградите се идентификува најдобрата употреба на стратешките комуникациски техники и технологии за комуникација со јавноста во процесот на креирање и имплементација на изборни кампањи ширум светот.

- Advertisement -

Поларис наградите ќе бидат доделени на Лидерскиот Поларис самит на 1 јуни во Лондон.

Сподели!
- Advertisement -