Саудиска Арабија, како дел од програмата Vision 2030, објави како изгледа футуристичкиот град The Line, кој веќе е испланиран. Мохамед бин Салман, престолонаследник на кралството, го најави предложениот дизајн на проектот NEOM за новиот град и рече дека тој ќе биде пример за урбаните заедници од иднината.
„NEOM е еден од најважните проекти во Vision 2030, а The Line е потврда за нашата силна посветеност проектот да му го претставиме на целиот свет. NEOM е место за оние кои сонуваат за подобро утре“ вели принцот.
Принцот на прес-конференција ги откри најновите детали за проектот. The Line ќе има повеќеслојна внатрешна структура. Градот ќе користи 100% обновлива енергија. Ќе се избегнува употреба на фосилни горива и ќе се овозможи земјата да ја декарбонизира својата индустрија.
„Идејата е градските функции да се постават вертикално, со што на луѓето ќе им се даде можност непречено да се движат во три димензии за да им пристапат. Станува збор за концепт кој се вика урбанизам на нулта гравитација“ вели принцот.
Исто така, нема да има патишта и автомобили, со што целосно ќе се намали емиисјата на CO2 и ќе стане еден од првите такви градови. Наместо тоа, ќе има улици со природа, како и природни екосистеми. На овој начин градот нема да биде рамен и хоризонтален како традиционалните кои ги познаваме, туку ќе има други карактеристики.
Тhe Line ќе покрива површина од 34 квадратни километри и со тоа ќе биде еден од најголемите храдови во светот. Комплексот ќе може да прими 9 милиони жители. Линијата ќе ја креира тим од светски познати архитекти и инженери, предводени од челниците на NEOM, за да го развијат овој концепт за градот на иднината. Идејата за градот ја претстави сам принцот во јануари минатата година.
(Bizlife)
(фото: YouTube)