И покрај големиот развој на технологијата, електричните автомобили и батерии за нив, неколку работи секогаш се пречка во масовната замена на бензинците со електрични возила.
На прво место обично се цените на електричните возила, кои се уште се прилично повисоки во однос на бензинците. На второ место е брзината на полнење, која се уште не може да се спореди со времето потребно за точење гориво, додека на трето место е трајноста на батериите.
Компанијата Adden Energy, која користи патенти од научници од Универзитетот Харвард, разви SSD технологија за литиум- јонски батерии за електрични возила, која овозможува брзо полнење на батериите за само 3 минути и може да издржи над 10.000 циклуси на полнење без деградација, односно до околу 20 години.
Tехнологијата која ја развија истражувачите од Харвард е тестирана во намален прототип на батерија во лабораторија, каде што наведените перформанси и брзината на полнење се потврден. Сега со помош на инвеститори и партнери Adden Energy почна да ја скалира технологијата за комерцијална примена. Од компанијата веруваат дека новите батерии може да се најдат на пазарот за 3-5 години.
(Vidi.hr)