Facebook ја претстави својата криптовалута

- Advertisement -

По многу претпоставки и гласини, Facebook и официјално ја претстави својата криптовалута, која би требало да им конкурира на претходно познатите криптовалути како биткоин и етереум. Libra е името на новата валута, а би требало да обезбеди сигурен систем на плаќање базиран на биткоин. Сепак, за разлика од биткоин, вредноста на валутата би се базирала на конкретни вредности и би имала поддршка од банките.

Дека Facebook сериозно одлучил да навлезе во светот на криптовалутите покажува и листата со партнери кои одлучиле да се обврзат на соработка. Така, во Librа ќе учествуваат Mastercard, PayPal, Uber и Spotify, кои би требало да ја обезбедат сигурноста и доверливоста на валутата.

- Advertisement -

Освен криптовалутата, која би требало да се појави до крајот на годинава, Facebook најави и лансирање на криптопаричникот Calibrа, кој би требало да служи за складирање на криптовалутата Libra. Како што појаснија во официјаната најава, Calibra би требало да биде достапен преку Facebook Messenger, WhatsApp и како самостојна апликација од 2020 година. Calibra ќе овозможи испраќање Libra на кој било паметен телефон, а се надеваат дека со тек на време ќе можат да понудат и дополнителни услуги како плаќање сметки, купување стока и услуги или плаќање на јавен превоз.

Од Facebook тврдат дека платформата Calibra ќе биде главниот чувар на приватноста на податоците и ќе се погрижи да не се мешаат податоците од социјалната мрежа и од криптопаричникот. Освен во определени случаи, Calibra нема да споделува податоци за сметки или финансиски податоци со Facebook или која било друга трета странка без согласност на корисникот., Тоа значи дека профилите на Calibrа нема да се користат за унапредување на огласувањето на Facebook и придружните апликации, но податоците ќе се споделат само во случај кога мора да го почитуваат законот. за да ја осигураат функционалноста на Calibrа и да прекинат илегална или криминална активност.

- Advertisement -

Каде ќе почне да се применува Libra и каде ќе биде достапна, односно како ќе функционира во однос на другите криптовалути ќе дознаеме во наредните неколку месеци.

Сподели!
- Advertisement -