Охридските хотелиери пред крах ако не добијат помош!

- Advertisement -

Над 1.500 вработени во големите хотелски капацитети на брегот на Охридското Езеро може да останат без работа. Доколку нема помош од државата, под притисок на инфлацијата, енергетската криза и високите трошоци, хотелските капацитети ќе бидат принудени да стават клуч на врата…

Доколку нема помош од државата поголемиот број хотели, кои се на слободниот пазар на електрична енергија ќе бидат принудени да стават клуч на врата. Големите хотелски капацитети плаќаат поголеми даноци и се најголемите работодавачи во туристичката индустрија, а за нив досега не е предвидена никаква помош.

- Advertisement -

Без конкретна финансиска помош, поддршка за плати или субвенционирана електрична енергија околу 1.500 луѓе вработени на брегот на Охридското Езеро може да останат без работа.

Под притисок на инфлацијата, енергетската криза и високите трошоци хотелските капацитети во земјава нема да бидат конкурентни на пазарот во регионот, наспроти нивните колеги во земјите каде добиваат субвенционирана електрична енергија.

- Advertisement -

Ако еден хотел во Србија плаќа 12 ден киловатчас струја а истиот таков хотел во Македонија треба да плати 35 денари разликата е огромна и не сме конкурентни, не можеме да ги привлечеме тие гости што ги очекуваме.

извор: mrt.com.mk

Сподели!
- Advertisement -