Airbnb ќе воведе виртуелна реалност за разгледување на тоа што се изнајмува

- Advertisement -

Airbnb развива опции за виртуелна и засилена реалност за гостите да можат да најдат и да разгледаат места за изнаjмување

Тридимензионалните скенирања и фотографиите од 360 степени ќе им овозможат на корисниците подобро да ги разгледаат недвижностите што се нудат, а засилената реалност ќе им овозможи да видат како изгледаат кога си внатре. Компанијата сака да воведе виртуелна реалност уште од минатата година, а оваа најава потврдува дека веќе има направено експерименти и прототипови, пишува The Verge.

Сосема е логично да се разгледа нешто во виртуелна реалност пред да се изнајми, но од Airbnb посочуваат и некои причини зошто е корисна и засилената реалност. Веќе некое време во индустријата за недвижности се користи виртуелната реалност и луѓето што нудат свој имот за изнајмување одамна бараат начин да се имплементира виртуелната реалност во Airbnb.

Сподели!
- Advertisement -