НЛБ Банка со позитивни деловни перформанси и раст на кредитната поддршка за населението и бизнисот од 3,8% во првите девет месеци од годината

- Advertisement -

НЛБ Банка во трите квартали од годината оствари позитивни деловни перформанси во клучните сегменти од работењето и во услови на неизвесен деловен амбиент како последица на глобалната криза, нарушувањата на каналите на снабдување, пазарите на енергија и инфлаторните притисоци, Банката продолжи да обезбедува силна кредитна поддршка за населението и домашниот бизнис сектор пришто забележа раст на кредитирањето од 3,8% во однос на крајот на минатата година.

Во споменатиот период, вкупните кредити што Банката ги пласираше кон населението и бизнис секторот достигнаа вредност од 1.107 милиони евра. Растот на кредитирањето во најголема мера се должи на порастот на кредитите од 7% во сегментот домаќинства, додека кредитирањето кај правните лица бележи намалување од 2,6%. Вкупните депозити на Банката се намалени за 1,2%.

- Advertisement -

Благодарение на посветеноста во креирање на конкурентни продукти, прилагодени на состојбите на пазарот и на потребите на клиентите, заклучно со 30 септември 2022 г, Банката го заврши третиот квартал од годината со остварена нето добивка од 33 милиони евра што претставува зголемување од 21% во однос на претходната година.

Потврда за успешното работење на НЛБ Банка во изминатиот период се и бројните награди и признанија. Во првиот квартал од 2022 година, првиот банкарски електронски асистент НЕЛА на НЛБ Банка беше награден со второ место во категоријата „Најдобра автоматизирана алатка чет бот“ од Порталот „Сајт на годината 2021“ Скопје. Во вториот квартал од 2022 година НЛБ Банка доби национална награда во организација на Министерството за економија на Република Северна Македонија за општествена одговорност и признание за најинвентивна практика за проектот „НЛБ Рамка за помош“. Во третиот квартал од 2022 година НЛБ Банка ја доби наградата „Најдобра банка во Македонија за 2021 година“ од реномираниот магазин EMEA Finance, како и пет награди од магазинот „Finance Central Europe“ во категориите: вкупна актива, големина на капитал, бруто-добивка, поврат на актива и поврат на капитал. Како Банка која покажува извонредни резултати, не само во Р.С.Македонија, туку и во цела Југоисточна Европа, од својот партнер Visa центарот, НЛБ Банка доби три признанија кои се потврда за големината на партнерствата кои ги гради, посветеноста на бизнисот и клиентите и поддршката која ја дава на заедницата во која делува.

- Advertisement -

Очекувањата на Банката се дека во наредниот период ќе се одржи макроекономската стабилност на земјата како предуслов за натамошен развој. Истовремено, НЛБ Банка ќе продолжи да обезбедува кредитна поддршка за населението и приватниот сектор што ќе има значаен придонес во целокупниот макроекономски и финансиски амбиент на земјата.

И натаму во фокусот на работењето на НЛБ Банка остануваат дигитализацијата и зголемувањето на дигиталната пенетрација на клиентите преку унапредување на дигиталните канали со што ќе се обезбеди повисоко ниво на достапност на Банката и подобро искуство на клиентите, како и поддршка на клиентите преку зајакнување на улогата на контакт-центарот. Дополнителен фокус е ставен и на проширување на портфолиото на Банката преку продажба на различни банкарски производи и зголемување на квалитетот на услугите, со што се очекуваат уште подобри резултати во клучните сегменти од работењето на Банката.

Сподели!
- Advertisement -