Илон Маск му даде отказ на управниот одбор на Twitter и се назначи себеси за директор

- Advertisement -

Илон Маск го отпушти одборот на директори на Twitter и со тоа си осигура себеси целосна контрола врз гигантот за социјални медиуми. Маск стана единствен извршен директор на компанијата откако минатата недела беше финализирана аквизицијата на Twitter.

Musk ја почна својата сага за преземање на компанијата со отпуштање на главните доректори, меѓу кои и извршниот директор Параг Агравал и главниот финансиски директор Нед Сегал.

- Advertisement -

Маск, кој е најбогатиот човек во светот, ја комплетираше аквизицијата со комбинација од сопствени пари, инвестициски фондови и заеми од банки. Имено, вториот најголем акционер во компанијата сега е арапскиот принц Алвалид бин Талал. Некои претставници на властите сега се загрижени за импликациите по националната безбедност што може да ги има оваа инвестиција на Саудиска Арабија.

Ова преземање на Маск предизвика интензивни дебати за баланот меѓу слободата на говорот и заштитата на ранливите групи од населението од онлајн злоупотгреба. Маск, кој себеси се нарекува апсолутен адвокат за слободата на говорот, претходно ги крититкуваше политиките на Twitter во однос на умереноста на коментарите и ги обвини дека се пристрасни кон левицата.

- Advertisement -

(Al Jazeera)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -