Facebook Watch станува глобално достапен

- Advertisement -

Facebook Watch, новата услуга на оваа социјална мрежа, стана глобална. Откако иницијално е лансирана во САД пред една година, оваа спин-оф видео платформа сега ќе биде достапна “насекаде”, а Фејсбук има намера да ги привлече и брендовите и нивните огласувачки буџети.

Со цел да ​​влезе во медиските планови на маркетерите, оваа социјална мрежа нуди поширок инвентар со оригинална содржина, а тврди дека во фазата на тестирање “забележале одлични резултати.”

- Advertisement -

Фејсбук ветува рекламни блокови во телевизиски стил кои луѓето “навистина ќе ги гледаат до крај”. За разлика од содржините на news feed-от , кои содржат кратки видеа, Facebook Watch обезбедува платформа за содржина со долга форма.

Една од оригиналните серии кои се веќе достапни на услуга е ток-шоуто Red Table Talk и серијата на National GeographicWe’re Wired That Way – серија која ги истражува најчудните карактеристики на човештвото.

- Advertisement -

Според новите податоци од Фејсбук, 50 милиони луѓе во САД доаѓаат на Facebook Watch за да гледаат видео записи секој месец, а вкупното време поминато на оваа услуга е зголемено за 14 пати од почетокот на годината.

Фејсбук, исто така, сака да ја отвори оваа платформа за поширок спектар на огласувачи, со намалување на монетизациските прагови за издавачите, со кои ги дели приходите 45% -55%, соодветно.

- Advertisement -

Претходно монетизацијата на платформата Watch беше резервирана само за избрани издавачи, но сега сите страници можат да имаат рекламни блокови, под услови: да создаваат видеа кои се долги најмалку три минути и постигнуваат вкупно повеќе од 30.000 едноминутни прикази во последните два месеца; да имаат 10.000 следбеници; и да ги исполнуваат другите Фејсбук стандарди.

Фејсбук, исто така, ветува повеќе содржини, а се зборува дека во соработка со издавачите и традиционалните емитери, ќе потроши околу една милијарда долари на оригинални содржини за оваа услуга до крајот на 2018 година.

Исто така, со најавата дека Facebook Watch станува глобално достапен, Фејсбук им дава на креаторите нова алатка за “увид во лојалноста“.

Ова доаѓа со новите мерни податоци за задржување на публиката кои ќе им овозможат на издавачите и креаторите на видео записи за оваа платформа “подобро програмирање” на содржините кои ќе ги охрабрат гледачите постојано да се враќаат.

Marketing365.mk

Сподели!
- Advertisement -