ЕУ воведува ЕУРО 7 стандарди за намалување на загадувањето од возилата

- Advertisement -

Европската Комисија (ЕК) предвидува нови ЕУРО 7 стандарди за моторите на возилата, со кои ќе се намалат емисиите на издувни гасови и ќе се подобри квалитетот на воздухот во земјите-членки на ЕУ, информираат од ЕК.

- Advertisement -

Комисијата денеска го презентираше предлогот за намалување на загадувањето на воздухот од новите моторни возила што ќе се продаваат во ЕУ за да се исполни амбицијата за нулта загадување, во согласност со Европскиот зелен договор. Патниот транспорт е најголемиот извор на загадување на воздухот во градовите на ЕУ.

Новите стандарди за издувни гасови ЕУРО 7 ќе обезбедат автомобилите, комбињата, камионите и автобусите да бидат многу почисти во реални услови на возење, што подобро ја отсликува ситуацијата во градовите каде што проблемите со загадувањето на воздухот се најголеми и за многу подолг период отколку според сегашните правила. Предлогот се справува со емисиите од издувните цевки, како и од сопирачките и гумите. Исто така, придонесува за постигнување на новите построги стандарди за квалитет на воздухот предложени од Комисијата на 26 октомври 2022 година.

- Advertisement -

Иако правилата за емисии на јаглерод диоксид (CO2) ќе го поттикнат распоредувањето на возила со нулта емисија, важно е да се осигураме дека сите возила на нашите патишта се многу почисти, посочуваат од ЕК. Во 2035 година, сите нови автомобили и комбиња продадени во ЕУ ќе имаат нулта емисија на CO2. Сепак, во 2050 година, повеќе од 20 отсто од автомобилите и комбињата и повеќе од половина од потешките возила на улиците во ЕУ се очекува да продолжат да испуштаат загадувачки супстанци, велат од Европската Комисија.

Новите правила се неутрални од аспект на горивото и технологијата, поставувајќи ги истите ограничувања без оглед на тоа дали возилото користи бензин, дизел, е на електричен погон или употребува алтернативни горива.

- Advertisement -

Ограничувањата ќе бидат построги во иднина за камионите и автобусите, додека најниските постоечки ограничувања за автомобили и комбиња со ЕУРО 7 стандардите сега ќе важат без оглед на горивото што го користи возилото. Новите правила, исто така, поставуваат граници на емисија за претходно нерегулирани загадувачи, како што се емисиите на азотен оксид од тешките возила, информираат од ЕК.

Целиот текст на Мета

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -