Биткоин падна под границата од 16.000 долари поради FTX скандалот

- Advertisement -

Падот на криптовалутите продолжува и денес, па така биткоин падна под вредноста од 16.000 долари по прв пат за речиси две години. На продолжениот пад на вредноста влијае тоа што испливаа нови детали за скандалот со платформата за тргување со криптовалути FTX.

Имено, откако берзата на основачот Сем Бекман-Фрид поднесе барање за банкрот, крипто берзата тврдеше дека е хакирана и дека сите средства исчезнале.

- Advertisement -

Во меѓувреме, извештаите на медиумите укажуваат на тоа дека Alameda Research, трговската компанија која ја основал Сем Бекман-Фрид искористила милијарди долари од корисниците на FTX платформата без знаење на инвеститорите.

Така, биткоин потоа за речиси 5,53% во изминатите 24 часа и се тргуваше по 15.921 долар за еден биткоин додека етереум во исто време ослабе за 6,52% на 1.182,54 долари.

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -