Телфорд, град во Велика Британија, постави паметен тротоар кој генерира енергија од чекорите на минувачите. Таа енергија потоа се користи за полнење на телефони, објавија локалните медиуми.
Советот на Телфорд и британскиот парламент покренаа поставување на високотехнолошки тротоар, кој на луѓето ќе им овозможува да ги полнат мобилните телефони така што чекорите ќе ги конвертираат во електрична енергија.
На тротоарот има екран, кој се напојува со соларна енергија. На него се прикажува количината енергија која се создава во текот на одењето по тротоарот. Паметниот тротоар е поставен помеѓу главната железничка станица и центарот на Телфорд.
Тротоарот е широк шест метри и е дел од проектот на Советот на Телфорд вреден 4 милиони фунти, во склоп на мерките за борбата против климатските промени. Од парламентот на Велика Британија велат дека овој проект е многу битен за подигање на свеста за генерирање чиста енергија и е забавен начин да се покаже како може да се генерира зелена енергија.
(N1)
(фото: Pxhere)