Ирската Управа за заштита на приватноста соопшти дека му изрекла казна од 265 милиони евра и други корективни мерки на Цукерберг и неговата компанија Meta поради пропусти правилно да ги заштити личните податоци на корисниците.
Личните податоци на европскиот комесар за правосудство, Дидие Рејндерс, премиерот на Луксембург, Ксавие Бетел и десетина други претставници на власта во ЕУ биле вклучени во протечените 533 милиони податоци, вклучувајќи и телефонски броеви, профили на Facebook, како и целосни имиња и датуми на раѓање, кои се појавиле на јавен форум и кружеле по интернет.
Ирската компанија за заштита на податоци, која ја надгледува Metа затоа што таму е нејзиното европско седиште, тврди дека американскиот технолошки гигант не ја исполнил обврската за општа заштита на податоците да осигура приватност, што значи дека гu дизајнирал своите производи така што личните податоци може да протечат.
Покрај паричната лазна, надлежниот орган издаде опомена и налог за Meta да ја усогласи обработката на податоците со законот со преземање низа одредени корективни мерки во одреден рок, се вели во соопштението.
Портпаролот на Meta вели дека компанијата направила измени и дека неовластеното копирање податоци е неприфатливо и против нивните правила и додаваат дека ќе продолжат да работат на тој предизвик.
(N1)
(фото: Flickr )