НАСА прави роботи кои ќе копаат марсовска прашина и ќе ја претвораат во ракетно гориво

- Advertisement -

НАСА прави роботи кои можат да копаат марсовска прашина и да ја претвораат во ракетно гориво. Машините ќе ја цедат водата од почвата и ќе ја претвораат во метан, односно соединение кое веројатно ќе се користи за напојување на ракетите во иднина. Тие машини ќе можат да решат голем проблем со кој се соочува НАСА во своите планови – како ракетите кои ќе летаат до и од Марс да бидат доволно лесни, а истовремено да бидат полни со гориво.

НАСА планира да испрати човечки мисии на Марс на почетокот на 2030-тите години, но пред човештвото да го направи првиот чекор на Црвената планета, вселенската агенција ќе испрати флота возила без екипаж за да ја тестираат населливоста на сувата прашлива површина.

- Advertisement -

Новите роботи ќе бидат дел од овие првични патувања. Агенцијата гради прототип систем кој го нарекоа ISRU. Функционира на тој начин што ја вади водата од почвата и ја дели на составните делови, односно водород и кислород преку процес познат како електролиза. Потоа водородот го комбинира со јаглерод од атмосферата на Марс  за да направи метан. Метанот е постабилен од течниот водород, кој е најчестото ракетно гориво денес, а може и да се чува во помали резервоари на полесно одржливи температури.

Најбитниот дел од ова гориво е што ќе се прави од локални ресурси. НАСА планира да го користи системот пред првата човечка мисија на Марс заедно со роботи кои собираат почва од површината на Црвената планета. Астронаутите кои во иднина евентуално ќе живеат на Марс ќе го користат горивото за патување до Земјата. Оваа технологија еден ден ќе им овозможи на луѓето да живеат и да работат на Марс и да се враќаат на Земјата за да ги пренесат своите искуства.

Сподели!
- Advertisement -