Виталиа разви мусли за најпознатиот германски гастроном Алфонс Шубек

- Advertisement -

Најпознатиот кулинарски шеф во Германија се служи со рецептите на Виталиа

На покана на најпознатиот германски гастроном Алфонс Шубек, тимот за развој на производи на Виталиа разви производна линија на мусли, барови и мешавини за појaдок. Виталиа креираше 45 совршени и оригинални рецепти што сега ја сочинуваат линијата за здрава храна на Шубек, што предизвика големо задоволство помеѓу потрошувачите во Германија и Австрија.

Алфонс Шубек, денес е најдобриот и најнаградуван професионален готвач во Германија. Школуван и учен од врвни кулинарски ментори во престижни училишта и ресторани во Салзбург, Женева, Париз, Лондон и Минхен, Шубек е најдобриот готвач, добитник на Мишелин ѕвезди, сопственик на ланец од ресторани, кетеринг сервис и продавница за здрава храна.

- Advertisement -

Неговата гурманска филозофија “Зачини го животот“ ја развивал патувајќи низ целиот свет и проучувајќи ги извонредните здравствени придобивки од зачините.

- Advertisement -

Храната што ја готви Шубек не само што е превкусна, изобилува со високо нутритивни состојки, благодарение на неговите органски зачини создадени со патентирана технологија на производство. Фасциниран од мирисот, аромата, боите и облиците, Шубек користи зачини од куркума, ѓумбир, цимет и ексратк од лук како здрави  мешавини за идеално надополнување на вкусот на неговите специјалитети.

Инспириран од специјализираната продавница за мусли на Виталиа во Скопје, тој ја прошири својата дејност и отвори своја продавница за здрава храна, каде се продаваат производите креирани од Виталиа.

- Advertisement -

Дури и светски познатиот германски фудбалер, член на германската фудбалска репрезентација и ФК Баерн Минхен, Томас Мулер на својот Facebook и инстаграм профил објави фотографија како појадува FAN мусли што се специјална едиција од Шубек за неговит омилен фудбалски тим, по оригинална рецептура на Виталиа.

Сподели!
- Advertisement -