Ракот на јајници е еден од најсмртоносните форми на рак за жените. Сепак, многу често се детектира премногу доцна. Сао околу 20% од случаите на рак на јајници се откриваат во рани стадиуми затоа што за жал, не постојат тестови кои ќе го детектираат многу рано. Токму затоа 80% од пациентите немаат никакви знаци дека нешто се случува во јајниците додека не се направи операција и не се тестираат земените примероци.
Истражувачи од Школта за инженеринг Сент Луис при Универзитетот Вашингтон во САД примениле различни методи за дијагностицирање рак на јајници многу попрецизно и порано. Нивната студија е објавена во весникот Photoacoustics.
Квинг Жу, професорка по биомедицински инженеринг на Универзитетот Вашингтон, и нејзиниот истражувачки тим развиле нов модел на машинско учење кој учи од ултразвучни снимки на рани на јајници како да препознава дали некои рани на јајници се бенигни или канцерозни.Овој модел на машинско учење користи различни алгоритми за учење, кои потоа ги комбинира за да заврши некоја задача, да реши проблем или да даде некаква прогноза.
Методот користи реконструирани слики направени со ултразвучна томографија. Ваквата техника, која исто така се вика оптоакустична томографија, им овозможува на истражувачите да прават 3Д фотографии од некое место со просторна резолуција и длабочина на димензии.
Студијата е првата која користи ултразук за да ги подобри перформансите на машинското учење со реконструкција на фотоакустична томографија, односно користење на светлина и звуци за да се детектира рак во јајници. Моментално проценката дали некои рани на јајници се опасни се врши врз основа на големината и формата на раните, но тоа не е прецизно и не помага рано да се дијагностицира ракот, вели Квинг Жу. Фотоакустичните слики даваат повеќе функционални информации за васкуларниот контраст од концентрацијата на хемоглкобин и заситеноста на крвта со кислород.
Новиот модел на машинско учење го развил студентот Јун Зоу со комбинирање на ултразвучна неурална мрежа со фотоакустична томографијаза поставување дијагнози. Канцерозните рани на јајниците може да се видат на ултразвук или како рана, како папиларна проекција или туморни израстоци од ткиво кое го обвиткува органот, односно во цистичните рани. Тимот може да види и вкупна концентрација на хемоглкобин и заситеност на кравта со кислород преку овој модел, со што ќе се зголему прецизноста при поставувањето дијагнози базирани на ултрасвук.
Истражувачите сега сакаат да ја искористат оваа студија за да направат алатка која ќе овозможи рано дијагностицирање на ракот на јајници, односно детектирање на болеста пред да дојде до стадиум кога не може да се лечи.
(Interesting Engineering)
(фото: Pexels)