Погледнете како изгледа Реакторот 4 во Чернобил, едно од најопасните места во светот

- Advertisement -

Мрачната внатрешност на контролната соба во Реакторот 4, каде што дојде до разорната експлозија во 1986 година, сега и официјално е отворена за туристите кои се подготвени да облечат „хазмат“ костим пред да влезат и да се изложат на радиолошки испитувања откако ќе излезат надвор.

На туристите кои го посетуваа местото на трагедијата во 1986 година со децении им беше дозволено да ги посетуваат само училишните дворови, забавните паркови и училниците во близина на нуклеарната електрана, додека пристапот до злогласниот Реактор 4 досега им беше дозволен само на научници, чистачи и неколкумина новинари.

- Advertisement -

Меѓутоа, отсега најхрабрите туристи ќе можат да влезат и во контролната соба каде што започна најголемата нуклеарна несреќа во светот. Бидејќи нивото на радијација во собата и денес е дури 40.000 пати повисоко од вообичаеното, посетителите ќе мора задолжително да носат „хазмат“, кацига, маска и индустриски чизми. Самите посети се ограничени на пет минути, а потоа сите туристи задолжително мора да поминат радијациски тестирања.

Овој потег е дел од владините напори за поттикнување на туризмот во тој регион откако претседателот Владимир Зеленски го потпиша јулскиот декрет со кој Чернобил е проглсен за официјална туристичка атракција.

Сподели!
- Advertisement -